Одржување на полетувалиште!
Во изминатите неколку години се направени голем чекори во развој на активниот туризам и подобрување на условите за параглајдинг во Крушево. Изминатите години тука одржавме многу меѓународни натпревари , како и Светското првенство во параглајдинг во 2019 година. Крушево се подготвува да биде домаќин на уште едно Светско првенство и тоа во змејарство.
Очигледни се инвестициите на Општина Крушево во авантуристичкиот туризам каде што централно место има параглајдингот. Изградбата на параглајдинг центарот во Крушево, туристичката понуда на градот која е активно промовирана во широки рамки, го издигнаа Крушево во една од топ 3 дестинациите за параглајдинг и змејарство во светот.
Праглајдеристите и активните туристи ширум Европа и Светот се се повеќе заинтересирани за Крушево.
Општина Крушево постојано го одржува полетиштето!