Крушевско езеро
Предлог викенд дестинација….Убавините на Крушево и Крушевското езеро!
Деновиве Крушево е прекрасно за посета. Особено попладневните часови се совршени за прошетка околу езерото, или пак возење велосипед по велосипедските патеки во раните утрински часови.
Оплеменето со клупи за одмор, игралиште и фитнес зона за љубителите на спортот претставува совршено место за одмор, релаксација и спорт. До Крушевското езеро води нов асфалтен пат по кој ќе сретнете многу крушевчани и туристи кои го користат времето максимално.
Временските услови го зголемија обемот на работата со косењето!
Секојдневно ја подобруваме јавната чистота.
Крушево е вашата следна посакувана и примамлива дестинација!