Одбележување на партон празник на ОУ Никола Карев
Денес оддаваме почит на Никола Карев, револуционер и претседател на Крушевската Република, човек кој денес е пример за многу од нас!
Положивме свежо цвеќе пред споменикот и свечено го одбележавме патрониот празник на ОУ ,,Никола Карев”!
Образованието е најмоќна алатка во општеството! Воспитно-образовниот процес се спроведува секојдневно, несебично, со големо внимание и посветеност. Трудејќи се заедно со сите сили и можности ќе ги надминеме сите препреки и секако, заеднички да се радуваме на постигнатите резултати!
За многу години и честит патрон празник!