Балканско првенство за кадети/ки ,,Крушево 2023″

Ми претставува особена чест што оваа година токму Крушево ќе биде домаќин на Балканското првенство за кадети/ки ,,Крушево 2023″.

Денес Крушево покажа дека може да се носи со организацијата на големи натпревари и да помогне во создавање на нови генерации на спортисти. Воедно, со Претседателот на џудо федерацијата на РСМ потпишавме договор за користење на спортската сала во Крушево за потребите на престојното првенство во џудо кое ќе се одржува од 9-11 јуни 2023 година, каде учество ќе земат 12 држави.

Спортот е вистински амбасадор на Крушево и затоа продолжуваме да инвестираме во него и да означуваме големи успеси.