Честитка за Рамазан Бајрам

Почитувани,

Во пресрет на големиот муслимански верски празник Рамазан Бајрам, oд мое име и од името на Општина Крушево, Ви го честитам празникот на сите верници од исламската вероисповед.

Празниците се потсетник на вредностите на животот, солидарноста, разбирањето и помагањето на оние на кои им е потребна помош. Посакувам сите ваши молитви да бидат слушнати и верувам дека со заеднички заложби и меѓусебно почитување ќе градиме меѓучовечко разбирање и подобро општество за сите граѓани.

Нека овој празник донесе мир, спокој, радост, хармонија во домовите.

Честит Рамазан Бајрам!