реконструкцијата на спортската сала, кровната конструкција и тоалетите во ООУ Никола Карев – Крушево

Во тек е реализација на градежните активности за реконструкцијата на спортската сала, кровната конструкција и тоалетите во ООУ Никола Карев – Крушево. Овие градежни активности се имплеметнираат во рамки на проектот: ,,Реконструкција на OO Никола Карев во Крушево”, кој е финансиски поддржан од Министерство за образование и наука. Продолжуваме да ги подобруваме условите во сите образовни институции со цел да им овозможиме непречен развој на сите чинители на воспитно образовниот процес.

Создаваме поквалитетна иднина за нашите најмили преку подобрување на условите за нивниот развој, а со тоа вложуваме и во иднината на здрави, силни и образовани генерации.

✊Затоа што секое училиште, во секое населено место и секое дете е подеднакво важно!