Податоци од мерните станици го потврдуваат статусот на Крушево како дестинација – воздушна бања со висок квалитет на воздухот.
Во рамките на проектот за прекугранична соработка „Крушево и Елбасан – призната прекугранична туристичка дестинација“ во Крушево е поставени се две дигитални станици за мерење на квалитето на возухот во Крушево според европскиот AQI индекс, како и брзината и правецот на ветерот. Едната е поставена во близина на метеоролошката станица во Крушево, а другата во Цантарот за параглајдинг.
Системот овозможува собирање на податоци за квалитетот на воздухот, односно присуство на азот диоксид, јаглерод моноксид, формалдехид, етанол, PM 2,5 и PM 10 честички, темепeратура, атмосферски притисок и влажност, како и брзина и правец на ветер и нивна презентација на јавноста на следниот линк: https://ekodata.live/?page=krusevo&module=cards
Целта на оваа проектна активност е да се овозможи граѓаните и посетителите на Крушево да имаат секојдневен и целосен увид во квалитетот на воздухот, како и брзината и правецот на ветрот што е потреба на параглајдеристите.