Поволни временски услови за интензивна изградба на паркингот
Продолжува работата на пристапна локација во параглајдинг центарот во Крушево. Временските услови со одлични за работа со оглед на овој период од годината.
Работите ќе продолжат интензивно да се одвиваат со цел да се искористат максимално временскиот простор и поволните услови.
Изградбата на пристапна локација во параглајдинг центарот се спроведува во рамки на проектот „Крушево и Елбасан – признаена прекугранична туристичка дестинација“ кој е дел од програмата „Прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија – Република Албанија Инструмент за пред пристапна поддрша (ИПА 2) – 2018 2020“. Вредноста на целосниот проект е 740 000 евра.