Граѓаните од Борино, Саждево и Јакреново добиваат нов пат
Започнува реконструкцијата на дел од патот од с. Саждево до с. Борино.
„Од денес официјално започнуваме со реконструкција на овој пат кој ќе биде проширен за повеќе од половина метар со што ќе биде безбеден и ќе може слободно да се разминуваат две возила, нешто што не беше случај досега. Заедно со изградбата на пат Борино – Житоше 7 километри, реконструкција на пат во Јакреново и 2,5 километри до с. Саждево се комплетира овој дел од општина Крушево со значително подобрена патна инфраструктура.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
На терен беше и советникот од Советот на општина Крушево Хибрахим Хурем кој потекнува од населеното место Борино.
Денес беше направен вовед во работа за проектот за реконструкција и доградба на локален пат с. Борино, прва делница. Договорот со изведувачот е во вредност од 7 532 831 и ДДВ во износ од 1 149 076 денари. Проектот се имплементира од страна на општина Крушево со финансиска поддршка на Министерство за локална самоуправа – Биро за регионален развој.