„Комуна“ уредува, а ТППЕ ги мие површините во центарот на градот

Денес се мијат површини во центарот на градоt, со посебен фокус на градскиот плоштад и градскиот парк. ЈП „Комуна“ тековно го чисти, одржува и уредува просторот и заедно со ТППЕ Крушево се работи на подобрување на чистотата.

Претходно „Комуна“ и општината поставија цвеќиња во градскиот парк и на плоштадот и тековно го уредуваат овој простор.