4 000 посетители на When in Krusevo, општината додели награди на Krusevo Run
Повеќе од 4 000 посетители во Крушево овој викенд и 600 учесници на фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo).
Во рамки на фестивалот се одржа и трка во трчање на 5 километри на кои претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски во име на локалната самоушрава подели вредносни ваучери на најдобрите.
„Настанот расте од година во година и општината со право го поддржува. Минатата година и оваа даваме поддршка и на „Крушево ран“ (Krusevo Run) градска трка на 5 километри.
Сакам да се заблагодарам на организаторите, а општина Крушево и советот нема да застанат тука со поддршка за вакви настани. Ова се настани кои носат спортисти во Крушево, тие спортисти ги искусуваат најубавите делови од нашиот град и природата околу и привлекуваат туристи во највисокиот град на Балканот. Им честитам и на најдобрите, како и на сите што учествуваа.“, порача претседателот Николоски пред присутните.
Дел од настанот беа планинарски и велосипедски три, вечерни концерти, кајак на Крушевско Езеро, игри за деца, параглајдинг и друго.