Општина Крушево по втор пат Супербренд

Општина Крушево по втор пат го добива приматот „Супербрендс“. Општината е избрана да биде Супербренд за 2022-ра година, а признанието го прими градоначалникот Томе Христоски.

„Во 2018-та година бевме првата општина која стана Супебренд. Еве годинава сме повторно одбрани и тоа е уште едно признание за нашата работа. Истовремено, добивањето на ова признание е голем мотив затоа што нашата работа се вбројува помеѓу најуспешните субјекти од повеќе области“, изјави градоначалникот Христоски.

Супербрендс е организација која делува во 90 држави низ светот и постои веќе 28 години.