Здружението на пензионери од Крушево едно од најактивните, продолжува соработката со општината
Претседателот на советот на општина Крушево Андреј Николоски денес присуствуваше и се обрати на отчетното собрание на здружението на пензионери Крушево.
„Чест ми е што сум дел од денешниот настан во име на советот на општина Крушево затоа што навистина се радувам на активноста на здружението. Навистина е задоволство да се гледаат нашите повозрасни граѓани, нашите пензионери од Крушево како се постојано активни во најразлични активности, а предводени од здружението на пензионери.“, порача претседателот Николоски.
Тој потенцира дека ќе се заложи за интензивирање на заедничките активности на локалната самоуправа и здружението на пензионери, а не пропушти да напомене дека досега здружението организира многу настани во повеќе области.
На собранието раководството даде извештај за активностите во 2021-ва година, а се усвои и завршната сметка за претходната година.
На настанот присуствуваше и претседателката на здружението на пензионери на Македонија Станка Трајкова која потенцира дека здружението од Крушево работи исклучително отворено и транспарентно. Трајкова ги извести присутните дека ќе даде финансиска поддршка за промена на дограмата во пензионерскиот дом во Крушево за објектот да биде енергетски поефикасен.
На собранието присуствуваа и претставници од неколку други здруженија на пензионери од државата.