Генералниот конзул гледа нови можности за Крушево, се зголемува соработката со Грција
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на средба со Генералниот конзул на Грција во Битола Александро Видури се согласија дека општина Крушево и Грција имаат многу заеднички работи и соработката ќе продолжи со зголемен ангажман на двете страни.
„Соработката воспоставена меѓу двете земји отвори многу можности за соработка на локално ниво, а Крушево може да развие прекугранична соработка со многу градови од Грција. Исто така, имаме многу сличности со општини од Грција заради местоположбата и инфраструктурата. Затоа, почитуваниот Конзул на средбата изрази желба дека лично ќе се вложи во поголема соработка и помош на Крушево од областа на туризмот, економската соработка и културата“, изјави градоначалникот на општина Крушево по средбата.
Ова е прва посета на еден Генерален конзул на Крушево, а на средбата беше потенцирано дека Крушево нуди многу и затоа веќе има неколку инвестиции од страна на грчки претприемачи.
На средбата присуствуваше и претставник од здружението Агиу Никола Васко Абаџи кое негува постојани контакти и продуктивни односи со соседната држава.