Пополнете анонимна анкета за работата на „Комуна“
Општина Крушево продолжува со анкети преку кои ќе го испитува јавното мислење за работата на институциите и претпријатијата под локална надлежност. Првата анкета која започнува денес, а ќе биде отворена во наредните 7 дена, е за јавното претпријатие за комунални дејности „Комуна“ Крушево.
Анкетата може да ја пополните на следниот линк.
Општина Крушево редовно ги консултира граѓаните за работата на институциите, а ваквите „онлајн“ анкети се само еден начин како тоа се спроведува. Локалната самоуправа апелира граѓаните да ја пополнат анкетата која е анонимна, но многу важна за работата на општината и субјектите предмет на јавните консултации.