Градоначалникот и конзулот на Косово – плодна соработка во иднина
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес одржа средба со конзулот на Република Косово во Северна Македонија господин Агим Красниќи.
На средбата се разговараше за идна соработка меѓу конзулатот и општината и имплементација на проекти од кои бенефит ќе имаат сите граѓани на општина Крушево.
„Драго ми е за оваа средба. Се запознавме со почитуваниот конзул и се согласивме дека општина Крушево како мултиетничка општина е пример за соживот, но и пример во имплементација на проекти. Општината има голем потенцијал за реализација на активности кои ќе решаваат проблеми, а оваа соработка со Конзулатот очекувам да придонесе за исполнување на потенцијалот.“, изјави градоначалникот Христоски по средбата.