Дадете коментар за проектот за реконструкција и доградба на дел од ул. Питу Гули
Почитувани граѓани,
Проектот за поврзување на локални патишта, под-проект „Реконструкција и доградба на постоечка улица Питу Гули – град Крушево“ предвидува механизам за собирање на коментари и поплаки во однос на имплементацијата на наведениот проект.
Оваа можност е достапна на официјалната интернет страница на општина Крушево веќе неколку месеци, а истата е достапна од денес – 05.10.2021 – во општина Крушево.
Се повикуваат сите граѓани да ги посетат општинските простории и да го пополнат образецот со свои коментари. Истиот се пополнува анонимно, а општината и Министерството за транспорт и врски како имплементатори ќе ги земат во предвид сите пополнети обрасци.
Овој проект е во рамки на Проектот за поврзување на локални патишта финансиран од Светска Банка и имплементиран од Министерство за транспорт и врски со општина Крушево.