Да продолжиме заедно – Меѓународен ден на Бошњаците
Почитувани сограѓани Бошњаци,
Заедно со Вас и со сите граѓните ја градиме општина Крушево. Соработуваме и комуницираме и нашата различна етничка припадност не само што не е пречка, туку е и придобивка.
Ве повикувам и во иднина да продолжиме заедно да работиме со меѓусебно разбирање и прифаќање.
Сакам да Ви го честитам Меѓународниот ден на Бошњаците и да посакам уште многу заеднички успеси.
Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.