Од театарска претстава до џез музика, најава за When in Krusevo и пливачки маратон
5-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ исполнет со настани, а најавата за овој викенд предвидува содржини и за помладата и за повозрасната генерација.
Во 19 часот на летната сцена се одржа претставата „Мендо и Мајло“, а во 21 часот започна џез концертот на групата Skopje JazzInc. И двата настани побудија интерес кај граѓаните на Крушево и туристите, а впечатоците велат дека оваа година програмата е на едно повисоко ниво.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски учествуваше на двата настани во рамки на 5-от ден и изрази задоволство од посетеноста и самата исполнетост на програмата.
„Драго ми е што добиваме позитивни коментари и тоа се потврдува преку големата посетеност. Навистина, „Десет дена Крушевска Република“ ја издигнуваме на повисоко ниво и тоа публиката го препознава. Самата манифестација придонесува за значително поголема посетеност на Крушево“, изјави Христоски.
Од денес започнува фестивалот на отворено When in Krusevo и денешната програма предвидува коцнерти под отворено небо на Гумење со настап на ди џеј Бапчу од 21 часот, а потоа следуваат The Hounds и ди џеј Бабура Џуниор. Утре (сабота) со почеток во 11 часот ќе се одржи пливачки паратон на Крушевско Езеро.