Завршни работи во салата за театар и кино, Претседателот на совет и УНДП на увид
Претседателот на советот на општина Крушево Тома Петроски и претставници од Програмата за развој на Обединетите Нации извршија увид во завршните работи од проектот „Опремување на мултифункционална сала“.
Претседателот Петроски изјави дека со 62 илјади швајцарски франци се спроведе овој проект кој вклучува оспособување и опремување на простор за кино и театар, а за многу скоро ќе се оспособи и посебна сала за советот.
„Со 62 илјади франци ја опремивме оваа сала за денес да имаме високо опремен просор за кино и театар. Во рамки на истиот проект ја унапредуваме и работата на Советот преку инсталирање на опрема за пренесување во живо на седниците на совет. Драго ми е што соработувавме со УНДП и се надеваме на нови проекти во иднина“, изјави Тома Петроски.
Опремувањетт на мултифункционална сала е дел од Проектот „Зајакнување на општинските совети“, вреден 3,4 милиони швајцарски франци, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка и истиот е имплементиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со Министерството за локална самоуправа, Министерството зa финансии, Заедницата на единиците на локалната самоуправа, Здружение на финансиски работници и UN Women.