Пошумување со 12 000 садници, одбележан Денот на планетата Земја
Со околу 12 000 садници се одбележува Денот на планетата земја, заедно со пораки за заеднички придонес и заштита на животната средина.
По засадувањето, кое се случуваше во близина на споменикот Слива, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски изрази благодарност за сите што се вклучија и го поддржаа овој настан.
„Оваа акција веќе прераснува во пракса и не е прва година заедно со СЕКЕ и ПСШ Липа да спроведуваме акции за пошумување на неколку локации. Оваа акција всушност значи влог во иднината, значи влог во заштита и обновување на животната страна. Оваа акција, исто така, значи и дека ја продолжуваме соработката со Министерството за локална самоуправа, ЈП Национални шуми и секако ПСШ Липа на дневна основа. “, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Во засадувањето учествуваа министерот за локална самоуправа Горан Милески, компанија СЕКЕ која донираше садници и опрема за ПСШ Липа, заедно со многу граѓани волонтери.
Раководителот на ПСШ „Липа“ Јанче Јанески изјави дека засадувањето ќе продолжи и утре за да се засадат сите 12 000 садници.