Оддадена почит на Никола Карев, прв Претседател на Крушевската Република

Делегации на општина Крушево и ООУ „Никола Карев“ положија цвеќе на гробот на Никола Карев во споменикот Македониум. На денешен ден во 1905-та година загинал првиот Претседател на Крушевската Република.

Во рамки на делегацијата на општина Крушево се приклучија советничката од Советот на општина Крушево Олга Спасеска и ВД директорот на НУ Историски музеј Крушево Јоргу Папакоча.