Честитка од градоначалникот за Меѓународниот ден на Ромите
Почитувани,
Меѓународниот ден на Ромите е ден кога се потсетуваме колку е важно да сме еднакви и колку ни’ е потребно секојдневно да работиме на концептот за едно општество за сите.
Ромите, како и сите останати етникуми, ги збогатуваат општината и државата со својата култура, традиција и специфични вредности. 365 денови живееме заедно и ги испреплетуваме нашите уникатни карактеристики и нашите различности не’ зближуваат.
Го честитам Меѓународниот ден на Ромите со желби и заложби од година во година да бидеме еднакви и на тој начин да придонесуваме за нашето општество.
Со почит,
Ваш градоначалник,
Томе Христоски.