Нов проект за транспарентност, Крушево прва општина за парафискални давачки
Општина Крушево влегува во нов проект за подобрување на транспарентноста и тоа со фокус на парафискалните давачки.
Крушево е прва од 21 општина која потпиша Меморандум за соработка со „Фајненс тинк“ и ФИСКАСТ мрежата со што финансиската транспарентност дополнително ќе се подигнува.
„Општина Крушево е прва од 21 општина која ќе изработи регистар на #парафискални давачки и ќе ја подигне финансиската транспарентност. Денес, потпишавме Меморандум за соработка во рамки на проектот „Мрежа FISCAST – Подобрување на дијалогот за поголема финансиска транспарентност на општините, со фокус на парафискалните давачки“, поддржан од Delegation of the European Union, Skopje.“, стои во објавата на „Фајненс тинк“.
Ова не е прв проект кој општина Крушево го имплементира од областа на финансиската транспарентност. Претходно се работеше на партиципативно буџетирање и општина Крушево покажа најголем напредок.