Дополнително зафаќање на води во „Опаленик“, објавен тендер
Министерство за транспорт и врски објавува оглас за јавна набавка дозафаќање на води за дополнително водоснабдување во индустриска зона „Опаленик“, К1 и К2.
Овој проект е продолжение на првата фаза за зафаќање на води, која општина Крушево ја реализираше заедно со Министерство за животна средина. Проектот треба да обезбеди редовно и водоснабдување кое е доволно за фабриките, сегашни и идни, во и околу „Опаленик“.
„Објавен е тендерот за зафаќање на води во „Опаленик“ и со ова го продолжуваме проектот за изградба на инфраструктура во иднустриската зона. Имаме потенцијални инвеститори, а постоечкиот кој работи во зоната веќе закупи уште една парцела за да ги прошири своите капацитети. Индустриската зона е еден од нашите приоритети затоа што тоа може да генерира многу нови работни места“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Тендерот можете да го погледнете на следниот линк.