Милениците да се чуваат блиску до домот, безбедност за граѓаните и хуман третман на животните
Почитувани граѓани на општина Крушево,
Фирмата-изведувач за заловување и хуман третман на бездомни кучиња работи на терен. Имајќи го тоа во предвид апелираме сите сопственици на кучиња да внимаваат на своите миленици и да ги чуваат блиску до нивните домови.
Во оваа проблематика мораме сите заедно да придонесеме за да нема опасност на улиците за граѓаните на општината и туристите и да обезбедиме хуман третман на сите животни.
Со почит,
општина Крушево.