Започнува изградбата на обиколница
Заедно со Панорама хотел и спа општина Крушево започна со работа на обиколница, проект најавуван со години.
Овој долгоочекуван проект ќе овозможи побезбедно движење на тешки товарни возила и отворање на можност за индустрија во Крушево и градење на угостителски објекти на скијачките терени.
„Започнуваме со пролетна офанзива на Крушево, место викано ,,Порта“ до скијачки терени. Започнуваме со изградба на децениски долгоочекувана обиколница заедно со инвеститорот на скијачките терени. Градиме едно поинакво, поубаво, попривлечно Крушево.“, напиша градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски на социјалните мрежи.