Новогодишни пакетчиња за најмладите
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски денес подели Новогодишни пакетчиња на децата од вработените во општина Крушево и ТППЕ Крушево.
Пакетчиња ќе бидат доделени и на децата со посебни потреби и деца од семејства во социјален ризик.
„Оваа година е поразлична од сите досега. Мораме да внимаваме и да почитуваме мерки, но децата да ги направиме посреќни со овие мали подароци. Посакувам Новата 2021 на сите нас, а најмногу на децата да ни донесе многу среќа, здравје и љубов.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.