Нов советник од ВМРО ДПМНЕ, претставени развојните програми
На 61-та седница на Советот на општина Крушево, одржана на 25.12.2020 година, Александра Ангелеска даде свечена изјава како нов советник дел од советничката група на ВМРО ДПМНЕ.
Ова доаѓа по трагична смрт на советничката Агапи Чункоска.
Меѓу другото, седницата се одржа „онлајн“ и беа претставени развојните програми и плановите на општина Крушево за наредните три години. Програмите предвидуваат инвестиции во патната инфраструктура, водосбандувањето, опремување на ЈП„Комуна“ и туризмот.