Развој на општината со еднакво учество на сите – Меѓународен ден на лицата со посебни потреби

Почитувани,

Крушево е пример за гостопримливост. Не само кога се работи за пречек и прием на туристи, туку и за вдомување на деца со посебни потреби, деца без родители и давање топол дом и родителска љубов на оние на кои им е најпотребно.

3 декември е, всушност, секој ден во општина Крушево. Секој ден семејства згрижувачи, дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби, центарот за социјални работи, општина Крушево и сите граѓани се трудат да создадат средина кој за сите ќе биде подеднакво пријатна, подеднакво среќна и со еднакви можности за сите.

Во име на сите граѓани го честитам Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби. Да продолжиме да бидеме еднакви и со покажување на солидарност да ја унапредуваме нашата општина во чиј развој еднаква улога имаат лицата со посебни потреби.