Делови од неколку улици без вода заради работа на дефект
ЈП „Комуна“ денес ќе работи на водоводната мрежа со што се очекува недостаток од вода да имаат делови од улиците Манчу Матак, Коча Миленку, Таќа Бербер, Томе Никле и цела ул. Тоше Проески.
„Домаќинствата кои се сместени во погорните делови од наведените улици ќе бидат без вода, додека цела улица Тоше Проески очекуваме да е без вода кратко во текот на денот. Работиме на брзо разрешување на проблемите“, велат од јавното претпријатие за комунални дејности