Продолжува дезинфекцијата, од нас зависи состојбата со коронавирусот
Општина Крушево продолжува со дезинфекција на јавните институции и училиштата.
„Територијалната противпожарна единица продолжува со дезинфекција на најпрометните места и јавните институции. Покрај донациите од маски кои ги обезбедуваме, важно е да работиме на дезинфекција и одржување на хигиената. Затоа, заедно со ЈП „Комуна“ пристапивме кон една голема акција на чистење на градот.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.
Градоначалникот Христоски апелира граѓаните да бидат свесни и одговорно затоа што, како што вели тој, развојот на состојбата со коронавирусот зависи само од граѓаните.