Маски за институции, општина Крушево презема мерки за справување со коронавирусот
По добиената донација од 6 илјади маски од компанијата Алим општина Крушево започна со распределба на истите најпрво во јавните институции.
Денес беа доделени маски во Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби, Центарот за социјални работи, фондот за здравство, ПИОМ, Македонска пошта, Комуна, УЈП, Катастар, НУ Историски музеј и здравствен дом Крушево.
Во текот на утрешниот ден со маски ќе бидат снабдени училиштата, спомен куќата „Тодор Проески“, ПСШ Липа и други.
„Работиме постојано на моменталната ситуација со Ковид-19 и денес поделивме по неколку стотини маски на институциите во Крушево. Вршиме дезинфекција, обезбедуваме заштитна опрема, пренаменуваме средства од буџетот и слично. Во ова не сме сами и тука се нашите пријатели кои помагаат со донации. Сега најважно е здравјето и затоа да ги почитуваме мерките.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.