Што реализиравме во првата година? 3 години општина на/за сите

Почитувани,

Изминаа три години со Томе Христоски како градоначалник на општина Крушево. Во овие 3 години се реализираа и се во тек проекти во вкупна вредност од околу 6 милиони евра во многу области.

Според градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски секој почеток е тежок и на крајот од 2017-та општина Крушево се соочуваше со големи долгови.

„Започнавме веднаш со враќање на долгот на општината, но тоа не значеше дека не треба веднаш да започнеме со проекти. Првата година се фокусиравме на изработка на проекти затоа што општината беше оставена речиси без ниту еден проект, а знаеме дека проектите се основа за градба. Благодарение на тие проекти денес градиме патишта, резервоари, водоводи, канализации, реконструираме згради и сали.

Во првата година успеавме да обезбедиме ново противпожарно возило и бевме прва општина добитник на грант од 500 000 евра од ЕУ. Веќе од пролетта 2018 година продолживме со реконструкција на локални улици, поставивме вештачка трева на полетувалиштето на Мечкин камен, се набави камион за отпад, оспособивме резервоар за вода, го поддржавме спортот и изработивме проект за реконструкција на патот стопанство – Алданци – Норово“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Само во 2018 година туристичките ноќевања во Крушево се зголемија за 50 проценти, а туристичките капацитети благодарение на низата проекти започнаа да се зголемуваат.

На фотографијата подолу можете да ги погледнете поголемите реализирани проекти во периодот од октомври 2017-та до октомври 2018-та.

Во наредниот напис ќе бидат образложени активностите и проектите за периодот од октомври 2018-та до октомври 2019-та.