Два тендери за водоснабдување на Јакреново
Општина Крушево објавува тендери за водоснабдување на с. Јакреново за изградба на нови и реконструкција на постоечката каптажа и изградба на цевковод и надзор над имплементацијата.
Огласот за јавна набавка на работа – имплементација на проект за водоснабдување можете да го погледнете на следниот линк.
Се објавува и оглас за јавна набавка на услуга за надзор на проектот за водоснабдување на Јакреново, довод крак 1.
Линк до овој тендер.
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски преку социјалните мрежи подетално го објасни овој проект:
Проблемите и барањата на граѓаните се решаваат со работа, изготвување проекти и имплементирање конкретни решенија кои значат основни потреби за живот на моите сограѓани. Денес решаваме уште еден долгогодишен и децениски горлив проблем за граѓаните од с.Јакреново.
Обезбедивме средства од Министерството за животна средина и објавивме јавна набавка за водоснабдување, зафаќање на дополнителни извори на вода и нови каптажи, како и реконструкција на постојната линија и постојните каптажи за потребите на ова население.
Во тек е и постапка за изградба на нов резервоар за вода преку средства обезбедени од Министерството за транспорт и врски.
Оретходната јавна објава е поништена поради некомплетно решавање на целиот проект, немање ефект во целост да се реши проблемот за водоснабдување од истиот за потребите на нашите сограѓани. – изјави градоначалникот Христоски.