Јавен повик за невработени лица за општо корисна работа

Врз основа на Договорот за соработка помеѓу Агенцијата за вработување на РСМ (АВРСМ), Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) и општина Крушево, Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2020 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 20.08.2020 година објавува:

Ј  А  В  Е  Н     П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во

Програмата Општинско – корисна работа

Се повикуваат сите евидентираните невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во програмата Општинско-корисна работа, проект  „Поддршка на заедницата и подобрување на квалитетот на живот на граѓаните на Општина Крушево” за работно ангажирање со скратено работно време за период од

  • 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги);
  • 7 (седум) месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време со 20 (дваесет) работни часови неделно, при што за време на работниот ангажман од

  • 6 (шест) месеци (доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги)
  • 7 (седум)  месеци (доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги), и
  • 9 (девет) месеци (доколку се вклучат во поддршка на деца со попречености во редовен наставен процес)

статусот на невработените лица  останува непроменет, а на невработените лица-корисници на социјална помош за времетраење на работниот ангажман ќе им биде активно правото на користење на социјална помош.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите  кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ се предвидува паричен надоместок во висина од 9.000,00 денари бруто износ, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата Општинско-корисна работа треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

  • долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)
  • млади лица до 29 години
  • лица постари од 50 години
  • лица корисници на гарантирана минимална помош
  • лица корисници на паричен надоместок по основ на невработеност
  • жртви на семејно насилство
  • самохрани родители
  • родители на 3 и повеќе деца

Заинтересираните невработени лица е потребно да се со следниве квалификации:

  • комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност и одговорност.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на:

  • образовен асистент – 2 извршители, во времетраење од 9 (девет) месеци

со завршено високо образование и тоа:

  • дипломиран психолог
  • дипломиран педагог
  • дипломиран дефектолог
  • дипломиран професор по одделенска настава
  • дипломиран наставник по одделенска настава
  • дипломиран учител
  • дипломиран професор
  • било кое високо образование со сертификат за психолошко-педагошка и методолошка дообразба
  • стекнат сертификат за образовен асистент

Работниот ангажман за образовните асистенти ќе се одвива во просториите на ООУ „Никола Карев“ Крушево.

  • негувател на стари и изнемоштени лица во домашни услови – 5 извршители, во времетраење од 6 (шест) месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги или 7 (седум) месеци доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги

со завршено образование и тоа:

  • ССС  било кое четиригодишно средно образование
  • ССС  било кое тригодишно средно образование
  • медицинска сестра – средно образование
  • физиотерапевт – средно или високо образование
  • стекнат сертификат/лиценца  за негувател на стари и изнемоштени лица

Работниот ангажман за негувателите на стари и изнемоштени лица во домашни услови ќе се одвива на територијата на општина Крушево, во домашни услови кај крајните корисници.

  • негувател на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево – 1 извршител, во времетраење од 6 (шест) месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги или 7 (седум) месеци доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги

со завршено образование и тоа:

  • ССС  било кое четиригодишно средно образование
  • ССС  било кое тригодишно средно образование
  • медицинска сестра – средно образование
  • стекнат сертификат/лиценца  за работа со лица со попречености

Работниот ангажман за неговател на лица со попречености  ќе се одвива во Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево

  • едукатор на лица со попречености кои го посетуваат Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево – 1 извршител, во времетраење од 6 (шест) месеци доколку поседуваат соодветен сертификат за давање на социјални услуги или 7 (седум) месеци доколку преку Програмата треба да се стекнат со соодветен сертификат за давање на социјални услуги

со завршено високо образование и тоа:

  • дипломиран психолог
  • дипломиран социлог
  • дипломиран педагог
  • дипломиран дефектолог
  • дипломиран социјален работник
  • дипломиран професор по одделенска настава
  • дипломиран наставник по одделенска настава
  • дипломиран учител
  • дипломиран професор
  • било кое високо образование со сертификат за психолошко-педагошка и методолошка дообразба
  • стекнат сертификат за работа со лица со попречености

Работниот ангажман за едукатор на лица со попречености  ќе се одвива во Дневниот центар за деца и младинци со посебни потреби во Крушево

Заинтресираните невработени лица  Пријави за учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да поднесат во Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево во периодот од 20.08.2020 година до 26.08.2020 година, од 08:00 до 16:00 часот.

Поконкретните услови,  права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу општина Крушево и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во општина Крушево кај лицето Елена Илиеска, Општински координатор за Програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување – Центар за вработување Крушево кај лицето Евгенија Петроска,  Центар за социјлна работа Крушево кај лицето Василика Чавкароска.

ОПШТИНА КРУШЕВО

ГРАДОНАЧАЛНИК

м-р ТОМЕ ХРИСТОСКИ

_____________________