Се поставува нова вештачка трева на игралиштето на Струнга
Се поставува вештачка трева и се уредува новото игралиште во маалото „Струнга“. Младите од овој дел на градот ќе добијат ново фудбалско игралиште.
„Го оспособуваме ова игралиште и создаваме содржини за младите. Користиме дел од стара опрема која ни стои на располагање и набавивме нова трева. Продолжуваме да создаваме содржини за младите од Крушево.“, изјави градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.