Насмевки, маски, џагор, песни и игри го одбележаа 1-ви април – денот на шегата во општина Крушево. Пресреќните дечиња ги покажаа своите маски, која од која покреативна и поинтересна измамувајќи на тој начин насмевка и кај возрасните кои присуствуваа денес на Градскиот плоштад Крушево.
Освен во Kрушево денот на шегата беше одбележан и во подрачните училишта на општина Крушево.