Избрани членовите на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“

header_img

Врз основа на членот 3 од Законот за научно-културните средби  „Десет дена Крушевска Република“ („Службен весник на Република Македонија“ број 29/98), Собранието на Република Македонија донесе Одлука за избор на членовите на Советот на Научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република“.

За претседател и членови на Советот на НКС „Десет дена Крушевска Република“ се избраја:

а) за претседател:

– Ѓорги Дамчески, Градоначалник на Општина Крушево

б) за членови:

– Маноил Јаковлевски, стопанственик

– Антон Серачи, заменик директор на Комисијата за односи со верски заедници

– Јана Михаилова, новинар, уредник во МРТВ

– Сашо Чатлевски, стопанственик

– Харун Ибраими, заменик директор во МРТ

– Марјан Ивановски, доктор по историски науки, професор на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ – Скопје

– Зоран Богески, директор на НУ „Историски музеј“ – Крушево

– Пепо Леви, претседател на Фонд на холокаустот на Евреите во Македонија

– Дончо Тасев, Министерство за надворешни работи

– Диме Ратајкоски, уредник во МТВ

–  Ели Луческа, директор на Институт за старословенска култура, професор на Универзитетот „Св. Климент Охридски” – Битола и

– Никола Јованоски, префесор по македонски јазик