ТУРНИР ВО МАЛ ФУДБАЛ ЗА ДЕЦА

лого za web

Општина Крушево во рамките на своите активности за ,,Спортско лето 2015,, организира турнир во мал фудбал за деца од 5-то  до 9-то одделение.
Натпреварите ке започнат да се одигруваат од 5 – ти мај во спортската сала Ѓорги Стојанов.
Пријавување на екипите до 28 април на пријавна листа која може да се подигне од Центарот за информирање на граѓаните при општина Крушево. Извлекување на натпреварувачките групи на 29 април. Пропозициите ќе може да се подигнат при пријавување на екипата.
Екипите да бројат 8 членови, а натпреварите ќе се играт 5+1.
Награден фонд:
– за прво место: пехар, златни медали и фудбалска топка
– за второ место: пехар, сребрени медали и фудбалска топка
– за трето место: пехар, бронзени медал и фудбалска топка

Општина Крушево