Градоначалникот Христоски избран за Генерален воведничар во меѓународното бизнис издание на Балканика
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски е избран за главен воведничар во најновото издание на агенцијата Балканика Some of the Municipalities of North Macedonia, во рамки на меѓународната публикација Business Directory of North Macedonia 2020, а „онлајн“ презентацијата на Крушево достигна 128 566 прегледи.
Со објавување на воведниот дел преку своето обраќање градоначалникот Христоски ќе има можност уште на самиот почеток на изданието да ги претстави бизнис можностите за Крушево, инвестициите во туризмот и другите области и со тоа да се направи меѓународна промоција на општината. Во истото издание општина Крушево ќе биде претставена на 6 страници.
„Ова е големо признание не за мене туку за општина Крушево, на мојот тим во локалната самоуправа и најмногу на моите сограѓани. Покрај презентацијата „онлајн“ и во печатеното издание ќе имаме можност во меѓународната публикација на Балканика да стоиме на прва страна. Со тоа правиме дополнителна промоција во меѓународни рамки. Исто така, 128 000 прегледи на интернет презентацијата на Крушево е уште еден одличен податок дека побудуваме голем интерес и сме привлечна туристичка, но и бизнис дестинација“, изјави Христоски.
Општина Крушево беше дел и од изданието на Балканика за 2019 година. Презентацијата од минатогодишното издание можете да ја погледнете на фотографијата подолу.