Започнува партерно уредување на спортската сала
Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски го потпиша договорот и беше извршен увид во работа за уредување на партерот околу спортската сала во Крушево.
„Покрај внатрешно го уредуваме и надворешниот простор околу салатa. Обезбедуваме целосно функционална спортска сала со проширена намена, решен проблем со поплавување и целосно опремување, а сега и партерно уредување. Продолжуваме со имплементација на проектот за развој на авантуристички туризам.“изјави градоначалникот на општина Крушево.
Партерното уредување на спортската сала е во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност, пот проект „Кругот на адреналинот – развој на авантуристички туризам во Крушево“ финансиран од ЕУ, администриран од Светска Банка и имплементиран од Канцеларијата на проектот, Канцеларијата на Вицепремиерот за економски прашања и општина Крушево.