Маски за граѓаните и пазарџиите
Советничката Евгенија Јуца и секретарот на Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“ Трајче Шекрески денеска поделија маски на граѓаните во центарот на градот и пазарџиите.
Маските се обезбедени од страна на општина Крушево и преку оваа активност општина Крушево имаше за цел да ја подигне свеста за носење лична заштитна опрема како една од превентивните мерки за спречување на ширењето на коронавирусот.