Донирај го својот стар компјутер и помогни
По примерот на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“ на општина Бутел и општина Крушево започнува акција за обезбедување на компјтуери за социјално ранливи семејства чија намена ќе биде следење на „онлајн“ настава. Оваа акција е продолжение на претходната кога беа доделени 30 таблети.
За таа цел, општина Крушево ги повикува сите граѓани, здруженија и претпријатија да донираат персонални или преносни компјутери кои се функционални и истите ќе бидат донирани на семејства во социјален ризик. Исто така, локалната самоуправа ќе обезбеди одреден број на лап топи.
Сите заинтересирани компјутерите кожат да ги достават до општина Крушево. За детали контактирајте ги следниве телефонски броеви:
++389 48 477 061
++389 48 477 046
Сите заедно да учествуваме во помош на нашите сограѓани, особено на најмладите.