По апелот на граѓаните, општинскиот штаб со помош за загрозено семејство
По апел на граѓаните за итна помош на едно семејство од Крушево
градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски и претставници од Општинскиот штаб за заштита и спасување, Тома Петроски и Оливера Чавкар, донираа храна, средства за дезинфекција и таблет за следење на „онлајн“ наставата на семејството.
„Во текот на вчерашниот ден граѓани и неколку организации упатија апел за помош на едно шестчлено семејство од Крушево и веднаш стапивме во контакт, обезбедивме прехранбени производи, средства за дезинфекција и еден таблет за следење на „онлајн“ настава дури трае кризата, нешто што го обезбедивме преку компанијата Еколог Интернешнл. Сакам да им се заблагодарам на граѓаните кои ја поттикнаа оваа помош“, изјави градоначалникот на општина Крушево.
Претседателот на совет на општина Крушево и член на Општинскиот штаб за заштита и спасување Тома Петроски на членовите на семејството им порача дека очекува сите советници да се обединат и да одделат финансиска помош за ова семејство, а помошта од Штабот ќе се интензивира, според најавите на членот Очивера Чавкар.