Се засадуваат дрвца во центарот, на дел од улица Тодор Проески и околу споменици во Крушево
По вчерашните активности околу расчистување од трева на градскиот парк и главната улица во град Крушево денес се засадуваат дрвца во центарот на градот и околу спомениците во овој дел од Крушево.
Ова акција е дел од пролетното уредување на градот од страна на Општина Крушево, а конкретната активност се спроведува во соработка со ЈКП „Комуна“ и ПСШ „Липа“.
„Продолжуваме со уредување на градот, односно најфреквентните точки во Крушево, но и местата околу споменици, градските скали на улицата Тодор Проески и на други места. Тековно работиме на хигиената на градот, во неделата се косеше, а во наредните денови ќе продолжиме со дополнителни активности за разеленување и естетско уредување на градските површини. Се заблагодарувам за соработката од страна на „Комуна“ и „Липa“.“, изјави градоначалникот на општина Крушево.