Чистење на улиците во градот, да се почитуваат препораките
Денес општина Крушево, ТППЕ Крушево и јавното комунално претпријатие „Комуна“ вршат чистење на улиците, почнувајќи од центарот на градот, во насока на повисоко ниво на хигиена.
Градоначалчникот на општина Крушево Томе Христоски ги повикува граѓаните да ги почитуваат мерките на Министерството за здравство, да се избегнува непотребен контакт меѓу луѓето и доколку некој се враќа од патување во странство веднаш да се јави во Заводот за јавно здравје во Прилеп на телефонскиот број: 076/ 475 747, меѓу со останатите препораки.
Во неделата градоначалникот го свика Општинскиот штаб за заштита и спасување на кој беа донесени 14 заклучоци во насока на превенција од ширење на корона вирусот. Заклучоците можете да ги погледнете подолу.