Општина Крушево ќе работи со скратено работно време
Почитувани,
Од денес, 19.03.2020г., општина Крушево ќе работи со скратено работно време, односно од 08:00 до 13:30ч. Скратувањето на работното време доаѓа по насоките на Министерството за здравство и Владата на Република Северна Македонија за преземање мерки за спречување на ширење на корона вирусот.
Ова работно време ќе важи се до наредни насоки на погоре наведените надлежни институции.
Градоначалникот и службите на општината остануваат достапни за итни потреби на граѓаните, додека локалната самоуправа продолжува со работа на тековните проекти.
Телефонски броеви на општината:
048/ 477 061
048/ 477 046
Електронска пошта:
opstinakrusevo@krusevo.gov.mk
Со почит,
Општина Крушево
Градоначалник
Томе Христоски