Решение за ставање во мирување на постапката за донесување на Одлука за распределбата
на средства од Буџетот на Општина Крушево за 2020 година, наменети за финансирање на програмски активности за Здруженија и Фондации
Врз основа на донесената Методологија за определување на критериуми за доделување на финансиска поддршка на здруженија и фондации од Буџетот на Општина Крушево бр.08-423/11 од 05.04.2018 г. (,,Службен гласник на Општина Крушево,, бр.12/2018) член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот законик (,,Службен весникна Република Македонија, број40/06,136/08,148/08,155/08,163/08, 44/11,51/11,142/12,31/13,14/14,30/14,196/15,35/16,97/16,99/16,136/16,142/16,67/17,125/17,35/18,99/18,140/18,208/18, 27/19 и „ Сл.весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19 и 42/20), а согласно Решениото за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.43/2020), Градоначалникот на Општина Крушево на ден 04.03.2020 година донесе:
Р Е Ш Е Н И Е
за ставање во мирување на постапката за донесување на Одлука за распределбата на средства од Буџетот на Општина Крушево за 2020 година, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации
1. Во мирување се става постапката за донесување на Одлука за распределбата на средства од Буџетот на Општина Крушево за 2020, наменети за финансирање на програмски активности на Здруженија и фондации по Јавниот повик број 03-226/1 од 03.02. 2020 година
2. Оваа одлука влегува во сила со денот на нејзино донесување.
Образложение
Општина Крушево на ден 03.02.2020 година објави Јавен повик со бр.03-226/1 за распределба на финансиски средства од Буџетот на Општина Крушево за 2020 година за Здруженија и фондации од Општина Крушево. Повикот беше објавен на веб страната www.krusevo.gov.mk
Согласно Решениото за распишување на предвремени избори за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија, (,,Службен весник на Република Северна Македонија,, бр.43/2020), а врз основа на член 8-а став 1 алинеја 2 од Изборниот законик (,,Службен весник на РепубликаМакедонија,,бр.40/06,136/08,148/08,155/08,163/08,44/11,51/11,142/12,31/13,14/14,30/14,196/15,35/16,97/16,99/16,136/16,142/16,67/17,125/17,35/18,99/18,140/18,208/18, 27/19 и „ Сл.весник на Република Северна Македонија“ бр.98/19 и 42/20), од денот на донесување на одлуката за распишување на избори до завршување на изборот за пратеници во Собранието на Република Северна Македонија и изборот на Владата на Република Северна Македонија „не може да се вршат исплаќања на плати, пензии, социјална помош или други исплати и материјални надоместоци од буџетски средства или од средства на јавните фондови кои не се редовни месечни исплати, односно сите едногодишни трансфери и исплати или еднократни трансфери од буџетски средства или од средства на јавни фондови ниту да се оттуѓува државен капитал ниту да се потпишуваат колективни договори“.
Врз основа на горенаведеното Градоначалникот се одлучи како во диспозитивот.
Општина Крушево
Градоначалник
м-р Томе Христоски