Цевководот во Саждево завршен, се работи на асфалтирање на пат
Во завршна фаза е доградбата на цевковод во с. Саждево и на вчерашниот технички преглед од страна на претставници од Министерството за транспорт и врски беше утврдена завршната состојба на овој проект.
На терен беше и претседателот на Советот на општина Крушево Тома Петроски кој изрази задоволство за завршувањето на овој проект и потенцира дека во тек е и асфалтирање на пат од над 2 километри до ова населено место.
„Еве, го завршуваме овој проект кој треба да реши уште еден голем проблем за нашите сограѓани од Саждево, а официјално започна и асфалтирањето на пат до ова населено место. Деновиве работиме на големи проекти во населените места како резервоарот во Белушино, патот и цевководот во Саждево, тампонирање во Пресил, уредување на дворот во училиштето во Норово и добивме над 600 000 евра за реконструкција на локални улици.“, изјави Петроски по техничкиот преглед на цевководот во с. Саждево.
Износот на овој проект е 2 653 498 денари .
Се асфалтира и патот до с. Саждево кој е користен од страна на жителите на неколку населени места: Саждево, Јакреново, Борино и Белушино. Градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски од Саждево порача дека општината работи на сите страни во општина Крушево и решава проблеми без исклучок.
„Крушево е едно големо градилиште, ако можам така да се изразам. Работиме во градот и паралелно работиме во Саждево, Белушино, Пресил, Норово, додека асфалтирањето на овој пат е потреба и на жителите на Борино, Белушино и Јакреново. Продолжуваме да работиме и ве уверувам дека нема да застанеме тука.“, изјави градоначалникот Христоски.
Подолу можете да ги погледнете фотографиите од техничкит преглед на цевководот, а потоа и на асфалтирањето на патот до с. Саждево.